Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 580 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот, информираат од Министесртво за здравство.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 37 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 25 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 99 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 70 во ковид центарот во Гостивар 35, а во Струга 31 болен.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 52 пациент, во Кочани 23 во Кичево 10, Кавадарци 26, во Гевгелија 18 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 971 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Фото: МЗ