еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 794 пациенти заболени и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 794 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 74 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 43 болни, а во Куманово 96 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 99 во ковид центарот во Гостивар 73, а во Струга 39 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 79 пациенти, во Кочани 17 во Кичево 13, Кавадарци 53, во Гевгелија 13 лица, а во Дебар 7 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.271 и има околу 240 празни болнички кревети во ковид центрите. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се затвора Меѓународниот аеродром Скопје, како превенција од ширење на корона вирусот

Редакција

Обвинителство побара да се активира условната пресуда од 2 години затвор за градоначалникот на Ново Село за дело од 2015

Редакција

Заев за средбата со Боки 13: Состанокот беше за отворање на старечки домови

Редакција