еМагазин
Image default
Бизнис

Угостителите до Уставниот суд поднесоа иницијатива за оценка на уставноста на одлукaта за ограничено работно време

Независната угостителска комора (НУК) денеска до Уставниот суд поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на последнaтa одлукa на Владата да се ограничи работното време на угостителските објекти до 18 часот од денеска до 20 јануари.

– Ја поднесуваме оваа иницијатива се со цел да укажеме на неправилностите на селективната политика што се води кон угостителската индустрија, надевајќи се дека Уставниот суд ќе реагира брзо и дека ќе имаме можност уште наредната недела да го вратиме последното работно време се со цел новогодишните празници да ги испратиме како што треба, изјави Здравко Јосифовски, претседател на Независната угостителска комора, посочувајќи дека ниту од Владата, ниту од Министерството не добиле покана за средба.

Селективноста ја гледа во, како што рече, ниедна друга индистрија или друг занаетчија во моментов не е со каква било мерка ограничени во своето работење и во своето работно време.

Здравковски се надева на брза реакција на Уставниот суд и дека по кратка постапка пред Нова година ќе успеат да добијат некое мислење, дали, како што рече, навистина се во право или државата носи правилни мерки и одлуки.

– Никој не ја спори мерката, ја почитуваат сите угостители максимално, проблемот е што мерката не е пропратена соодветно со надомест на штета со правото кое ни е ограничено да можеме нормално да работиме и со кое ни е одземено, а согласно Уставот сите сме еднакви и рамноправни, потенцира Здравковски.

Тој додаде дека со оваа мерка угостителите ќе претрпат штета од околу 20 милиони евра.

МИА/Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието на Република Македонија вработува 11 лица, плата до 28.303 денари

Редакција

Mеханизам против дискриминација на инвеститорите, договори Работната група за економија на Македонија и Бугарија

Редакција

Комерцијална банка лани оствари добивка од 29 милиони евра

Редакција