Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 826 пациент позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерство за здравство.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 63 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 52 болни, а во Куманово 108 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 106 во ковид центарот во Гостивар 58, а во Струга 38 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациент, во Кочани 15 во Кичево 10, Кавадарци 56, во Гевгелија 19 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.331 и има околу 170 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, стои во соопштението.
Фото: МЗ