еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти, информираат од Министерството за здравство. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 1 дете и 1 мајка позитивни на Ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се 43 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: 100 оздравени пациенти од Ковид-19

Починаа 4 пациенти од Ковид-19, двајца од Куманово, по еден од Прилеп и Битола

Нов рекорд: 243 нови случаи на Ковид-19, во Скопје 98

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Словенечкиот претседател Пахор до Пендаровски: Да беа Словенците Бугари ќе немавте проблем

Редакција

Две директорки на клиники, Стефановиќ и Пејкова, избрани во Извршниот одбор на СДСМ

Редакција

Општина Куманово поднесе кривична за музејот на УЧК во Сопот

Редакција