На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 74 пациенти. На кислородна поддршка се 39 пациент, нема на механичка вентилација, информираат од Министерството за здравство.
„Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 3 позитивни, три мајка и три деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 63 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 103, позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 40 оздравени пациенти од Ковид-19
Четири пациенти починаа од Ковид-19
Нови 78 случаи на Ковид-19 од 860 тестирања
Фото: МЗ