еМагазин
Image default
Македонија

Детали за посетата на папата Франциск во Скопје

Канцеларијата за печат при Светиот Престол во Ватикан, денеска, 7 март 2019 година ја објави програмата за посетата на Папата Франциск во Македонија, при што ќе го посети Скопје, родниот град на Света Мајка Тереза, информираат од Владата.

„Предвидено е на 7 мај наутро Светиот Отец да пристигне во Северна Македонија. После официјалниот пречек, неговата Светост, Папата Франциск ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, како и со претставници на граѓанското општество и дипломатскиот кор.

За време на својот престој во земјава, Светиот Отец ќе се сретне со верските лидери и со сиромашни лица.Во програмата за апостолското патување на Папата Франциск во Северна Македонија предвидено е Светиот Отец да служи света Литургија, а потоа да присуствува на екуменска и меѓурелигиска средба со млади.

Светиот Отец, своето 29-то апостолско патување ќе го заврши во попладневните часови на 7 мај, одржувајќи средба со свештениците, нивните семејства и богопосветените лица, а потоа ќе се врати во Рим.Претходно Светиот Отец ќе ја посети Република Бугарија и градовите Софија и Раковски“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски-Матарела: Без влезот на земјите од Западниот Балкан, Европската Унија нема да биде целосна

Редакција

За 24 часа хоспитализирани 5 нови пациенти во ковид центрите во Скопје

Редакција

До ДИК поднесени 23 приговори за Локалните избори

Редакција