еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 403 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, велат од таму.

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во МЗ на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 27 болни, а во Куманово 62 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 53, во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 28 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 32 пациенти, во Кочани 11 во Кичево 15, Кавадарци 20, во Гевгелија девет лица, а во Дебар 6 позитивни и суспектни на корона вирусот.

„Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 736 и има околу 606 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла“, велат од МЗ.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Укинување на ковид-сертификатите при влез во Македонија, предлага Комисијата за заразни болести

Редакција

Излекувани 38: 226 здравствени работници во Македонија заболени од коронавирусот

Редакција

Детален преглед: Гори на повеќе локации, пожарот во Пехчево се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик

Редакција