Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информира Министерството за здравство
„Вкупно 702 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 11 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 примени пациенти и 7 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во Козле биле 2 примени нови болни, а 6 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.
На Институтот за физикална медицина се примени 6 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 292 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент.
На Клиниката за детски болести има 11 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 2 позитивни пациентки.
На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 62 болни.
Вкупно 702 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, велат од Министерството.
Фото: МЗ