еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во ИЈЗ се проверува дали пациентот од Кичево има мајмунски сипаници

До Институтот за јавно здравје во текот на денот треба да пристигне примерок за тестирање на сомнителен случај на мајмунски сипаници.

Пациентот е од Кичево, во добра здравствена состојба и нема потреба од хоспитализација, соопшти претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

-Пациентот е лоциран. Контактиран е од надлежниот епидемиолог во Битола и првичната епидемиолошка анкета е завршена. Имаме достапни тестови и во ИЈЗ треба да имаме одговор дали се работи за мајмунски сипаници, изјави за телевизија Сител, Петличковски.

Пациентот од Кичево пред неколку дена добил осип на телото, што е еден од симптомите на мајмунски сипаници

Претседателот на КЗБ додаде дека се направени првични лабораториски анализи, а Комисијата попладнево ќе одржи состанок за состојбата со мајмунските сипаници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во кичевската болница има суспектен пациент со мајмунски сипаници, дадена е препорака за тестирање

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шестмесечен затвор за возач во општина Шуто Оризари за примање поткуп

Редакција

Џафери е задоволен што го исполнил ветувањето кон пратеничките, им отвори женска соба

Редакција

Македонија да внимава да не предизвикува емотивни реакции кај грчкиот народ, порачува шефот на грчката дипломатија

Редакција