еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР нема информации дека македонски државјани се борат во Украина

Министертво за надворешни работи нема информации за евентуално учество на македонски државјани во војната во Украина, по објавата на руското Министерство за одбрана дека меѓу странските платеници кои се борат на украинска страна имало и 72 наши граѓани.

– Министерството за надворешни работи не располага со релевантни информации поврзано со евентуалното учество на наши државјанини во војната во Украина, ниту загинати наши државјани во војна.

Постојано и внимателно ја следи ситуацијата, преку амбасадата во Украина. Штом има нови информации јавноста ќе биде информирана, велат за МИА од МНР.

Властите во Москва објавија табела за, како што ги нарекуваат, странски платеници што се борат на страната на Украина. Меѓу земјите од кои во Украина доаѓаат „платеници“ е и Македонија.

Според руското Министерство за одбрана, од почетокот на војната досега на украинска страна се бореле 79 македонски државјани од кои убиени се 26, вратени се 21, а активни на фронтот се уште 32 лица од земјава.

Меѓу земјите од има „платеници“ во Украина се и Албанија, Хрватска, Полска, Италија, Романија, Финска, Летонија, Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Во Украина од Македонија да се борат заминале 79 платеници, 21 загинале, тврди Русија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

78% од новите случаи и 80% од хоспитализираните со Ковид-19, се невакцинирани

Редакција

Мика Алексиќ за прв пат прозборе за делата за кои се товари „силување“ и „недозволени сексуални дејствија“

Редакција

ДУИ ќе ја поддржи Резолуцијата за црвените линии со Бугарија доколку се користи уставното име на државата

Редакција