еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информира Министерството за здравство.

“Вкупно 515 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 13 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 14 примени пациенти и 11 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле  бил примен еден болен, исто како и на  Клиниката за Детски болести.

На Институтот за физикална медицина се примени 2 нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 67 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 202 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 122 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 131 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 23 пациенти.

На Клиниката за детски болести има 3 деца позитивни на Ковид-19 вирусот и 3 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки.

На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 28 болни.

Вкупно 515 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 190 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаа довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски смета оти австрискиот амбасадор не ни се меша во внатрешните работи

Редакција

Стоматолошка комора: Пломбирање заб не е итнo во време на корона вирусот

Редакција

Вкупно 1.326 заразени од корона вирусот: Нови 26 пациенти, најголем број во Скопје

Редакција