еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 9 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информира Министерството за здравство.

“Вкупно 324 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 2 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 примени пациенти и 4 билe примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 34 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 99 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 115 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 96 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 8 пациенти.

На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид-19 вирусот.

На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 5 болни.

Вкупно 324 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 350 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како и Вие да помогнете: Црвениот крст со првична помош од 30.000 евра за жртвите од земјотресот во Албанија

Редакција

Убава вест: Оздравени 114 болни од Ковид-19

Редакција

Убава вест: Оздравени 395 болни од Ковид-19

Редакција