еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 6 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информира Министерството за здравство.

“Вкупно 151 лице сомнително и потврдено за Ковид-19 се лекува на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 2 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 6 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 31 пациент.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 53 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 67 пациенти.

Вкупно 151 пациент потврден и сомнителен за Ковид-19 се лекува на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 150 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарската опозиција со писмо во Парламентот бара одземање на азилот и екстрадиција на Груевски

Редакција

Митко Јанчев на Фејсбук: Мицкоски и Николовски да се извинат, во спротивно ќе ги тужам за клевета

Редакција

МНР преку амбасадата во Софија упати протестна нота за видеото на бугарскиот европратеник Џамбаски

Редакција