еМагазин
Image default
Македонија

Унгарската опозиција со писмо во Парламентот бара одземање на азилот и екстрадиција на Груевски

Лидерите на три опозициски партии во унгарскиот Парламент, во заедничко писмо, ја оценуваат како „срамна“ одлуката на владата на Виктор Орбан да му додели азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, пренесува „Еурактив“.

-Неприфатливо е да дознаваме од странските медиуми дека унгарската влада му дала азил на криминалец кој се бара со меѓународна потерница, наведуваат во заедничкото писмо Берт Алан Тот, претседател на унгарската Социјалистичка партија, Сабо Тимеа, копретседател на партијата Дијалог за Унгарија и Ференц Гурчани, лидер на Демократската коалиција.

Трите опозициски партии му забележуваат на Орбан и за тоа што ангажирал унгарски дипломати да му помогнат на Груевски да избега од Македонија преку неколку балкански земји и што целиот случај властите во Будимпешта го обвиткале со лаги и нетранспарентност.

Унгарската опозиција реагира и поради тоа што властите не дозволиле за случајот на Груевски да се расправа во Парламентот.

Отвореното писмо на унгарската опозиција е испратено до сите важни меѓународни организации и до амбасадите на повеќе земји. Во писмото укажуваат и дека не се согласуваат со политиката на Орбан која, како што се наведува, им дозволува на „проруски криминалци како Никола Груевски да се движат слободно не само меѓу унгарските граѓани, туку и во цела ЕУ“.

Трите партии на крајот од отвореното писмо повикуваат да му биде повлечен азилот на Груевски и тој најитно да ја напушти Унгарија односно да биде екстрадиран.

МИА/Фото: Фејсбук/Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да не „бомбардира„ и Груевски од Унгарија

Груевски додека има мандат ќе зема пратеничка плата, која ќе му се намалува

Кабинет на Орбан: Европскиот парламент „го пика носот каде што не му е место“, Груевски ја спаси Европа од терористи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секој податок од пописот ќе проверува преку неколку бази на податоци

Редакција

Италија и донираше на Македонија 250.000 вакцини Фајзер

Редакција

Казнети 322 граѓани кои не носеле маска

Редакција