еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по скопските болници

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 22 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за неврологија, на Клиниката за гастроентерохепатологија и на Клиниката за неврологија.

Двајца болни се примени на ТБЦ и уште двајца на Клиниката за дерматологија.

Тројца болни биле хоспитализирани на ОРЛ.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ во текот на вчерашниот ден имало пет нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника четири.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 13 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид – центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти, на Клиниката за очни болести осум пациенти, а на ОРЛ 10 болни.

На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 105 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 126 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти.

Вкупно 375 пациенти потврдени и сомнителни на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е намален и изутрината до 8 часот имало 120 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 12 пациенти, а вкупно се лекуваaт 254

Редакција

Двајца охриѓани повредени во Црна Гора откако во нив удрил белграѓанин кој со голема брзина прегазил шестмина пешаци

Редакција

(ВИДЕО) Меркел се возеше со мерцедесот за кој Груевски доби две години затвор

Редакција