еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по скопските болници

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 248 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало пет приеми.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало осум нови приеми на пациенти и девет на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле биле примени двајца пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 26 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 15 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 29 пациенти со симтоми на коронавирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 88 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 17 пациенти.

На ГАК има тројца хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 248 пациенти потврдени и сомнителени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

26,1% од новозаразените со Ковид-19 се со претходни заболувања

Редакција

Случај „Талир“: Продолжува судењето за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

На „Европскиот фронт“ на ДУИ се приклучи и Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија

Редакција