еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во македонските болници

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 398 пациенти позитивен и суспектен на коронвирусот, соопшти Министерството за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 36 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 31 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 59 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 49 во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 24 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 29 пациенти, во Кочани 8 во Кичево 15, Кавадарци 22, во Гевгелија 7 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 685 и има околу 616 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, соопшти Министерството.

Фото: Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателот на ДИК, Дерковски оцени дека изборниот ден поминал одлично со мали исклучоци

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 70 пациенти, а вкупно се лекуваaт 621

Редакција

(Фото) Вандализирана бистата на Вапцаров во Скопје пред отворањето на македонскиот клуб во Бугарија, кој го носи неговото име

Редакција