еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по македонските болници

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 334 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информира Министерството за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип е хоспитализиран 37 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 13 пациенти, во Велес се лекуваат 22 болен, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 19, во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 24 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 18 пациенти, во Кочани 5 во Кичево 12, Кавадарци 17, во Гевгелија 2 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 608 и има околу 559 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, информираат од Министерството.

Фото: Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неколку пратеници ги повлекоа потписите: Поднесен нов ревидиран список со барање за гласање недоверба на Владата

Редакција

АРМ објави оглас за прием на 200 професионални војници

Редакција

Пукање во теолошкото училиште во Тетово, осомничен е 41-годишник од градот

Редакција