еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со заразени од Ковид-19 по македонските болници

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти заразени од Ковид-19, информира Министерството за здравство.

Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на Ковид-19, а хоспитализирани се 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 40 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 54 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Оздравени 106 пациенти кои боледувале од Ковид-19

Починаа уште три лица од Ковид-19, вкупно 775

Нов рекорд: Регистрирани 364 случаи на Ковид-19, од нив 184 во Скопје

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев не е повеќе премиер, Собранието ја констатираше неговата оставка и на Владата

Редакција

(Фото) Пендаровски оддаде почит на гробот на Панко Брашнаров, потпретседател на Президиумот на АСНОМ, во Загреб

Редакција

Од Ковид-19 починале 13 лица, најмладиот на 33-годишна возраст

Редакција