еМагазин
Image default
Македонија

Коцевски: Состојбата со Ковид-19 во Велес е средно тешка, се уште не е алармантна, но е посериозна од било кога претходно

Oценката на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со епидемиолошката состојба во Велес и велешко, е дека таа е од средно висок ризик, не е алармантна, но посериозна од било кога претходно, информираше градоначалникот Аце Коцевски по денеска одржаната седница на Штабот.

Тој aпелираше до жителите на Општина Велес, а посебно до младите да ги почитуваат пропишаните мерки за заштита од ширење на Ковид-19.

Според Центарот за јавно здравје, досега инфицирани од коронавирусот во Велес и велешко се 352 лица, 296 се оздравени, 16 починати, а 40 се активни случаи.

Од се уште активните на домашно лекување се наоѓаат 33 лица, шест се наоѓаат на Инфективното одделение во ЈЗУ Ошта болница, Велес, а едно лице е на Инфективната клиника во Скопје.

Инаку денеска до 11 часот регистрирани се тројца новозаболени.

Вчера во Велес беа регистрирани нови седум новозаболени од корона вирусот. Велешкиот градоначалник рече дека добро во лошата вест е што најголем дел од инфицираните во Велес се со полесна клиничка слика и се на домашно лекување.

МИА/Фото: Општина Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Работна група на Владата ќе бара чаре за комплексот Македонско село

Редакција

Интерпелацијата за Спасовски и кризната состојба на дневен ред во Собранието

Редакција

Починаа 39 лица од Ковид-19, најмногу од Скопје 16

Редакција