На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти заболени од Ковид-19, информира Министерството за здравство.
Вкупно се хоспитализирани 72 пациенти. На кислородна поддршка се 30 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 2 мајки позитивни на Ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември” примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се 37 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 165, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детален преглед во Скопје: Аеродром со најмногу заболени од Ковид-19
Убава вест: Оздравени 65 лица кои боледувале од Ковид-19
Починаа уште три лица од Ковид-19, вкупно 725
Нови 148 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Кочани
Фото: МЗ