еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Сите детали: Кој се ќе добие платежни картички од Владата?

Владата во новиот пакет мерки за поддршка на граѓаните и фирмите за надминување на кризата од Ковид-19 предвидува продолжување на издавање платежни картички за граѓаните за поголема потрошувачка и за развој на домашните економски дејности.

„Овој пат платежни картички со износ од 6.000 денари ќе ги добијат 5.726 самохрани родители, пензионерите со пензии до 15.000 денари, односно 182.271 наши сограѓани пензионери, невработените кои се пасивни баратели на работа, односно 85.108 граѓани, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници чија бројка е 520 корисници.

Платежни картички „Купувам домашно“ ќе добијат уште 540 студенти, кои во претходниот пакет не ги добија овие картички, а за што навремено и со право реагираа претставниците на студентите.

Плус поддршка за ученички и студентски стандард од 44 милиони денари за 2020 година добиваат 884 студенти и 347 ученици.

Секако, ќе ги помагаме и оние граѓани кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.

Со тоа, оваа мерка опфаќа на 283.000 наши граѓани, а нејзината вредност изнесува 27,6 милиони евра“, изјави премиерот Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шопинг без ДДВ за продолжениот викенд за 11 Октомври: Ќе важи за домашни производи и ИТ опрема до 30.000 денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавена понудата за преземање на „Скопски пазар“

Редакција

Нова провокација од бугарскиот претседател, Македонија ќе станала демократска држава кога ќе ги впишала „сонародниците“ на Гоце Делчев

Редакција

СЗО: Граѓаните во Македонија плаќаат високи трошоци за лекување на приватно

Редакција