еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Шопинг без ДДВ за продолжениот викенд за 11 Октомври: Ќе важи за домашни производи и ИТ опрема до 30.000 денари

Во најавениот викенд без ДДВ кој ќе се спроведе на 10, 11 и 12 октомври, граѓаните ќе може да купат домашни производи  и услуги до најмногу 30.000 денари, како и комјутери и ИТ опрема.

Ова го соопшти премиерот Зоран Заев на прес-конференција денеска презентирајќи го новиот четврт пакет мерки што го усвои Владата на седница.

„Оваа мерка предвидува да опфати повеќе од 350 илјади граѓани, а јас се надевам и до 500.000. Корисниците на апликацијата Мој ДДВ, кои за време на викендот 10, 11 и 12 октомври ќе може да купат домаши производи и услуги и компјутери и друга ИТ опрема до најмногу 30.000 денари по поединец и во рок од само некоку дена назад ќе го добијат назад целиот ДДВ 100 проценти“, изјави Заев.

Ссо оваа мерка, како што истакна, се проектира да се направи вкупен промет од над 170 милиони евра, а проекциите стигаат и до 250 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра, а со проекција и до 25 милиони евра од поврат на ДДВ.

Апелираше до правните субјекти кои ја немаат завршено обврската да ја завршат обврската за разграничување во фискалните каси на домашните од странски производи и услуги.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанкулоска, Јанакиески и Протуѓер признаа вина за „Титаник“

Редакција

Заев на средбата со Радев во Брисел договорил посета на Софија неделава

Редакција

Повторно гранатирано централното подрачје на Киев

Редакција