еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по скопските болници

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани седум нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

Вкупно 355 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, како што соопшти Министерството за здравство, на интерните клиники имало два приема и тоа по еден пациенти бил хоспитализиран на Клиниката за дерматологија и на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало три нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника два во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени десет оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 21 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 20 пациенти, на Клиниката за очни болести 5 пациенти, а на ОРЛ 19 болни.

На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 103 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 90 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

„Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 120 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, наведува Министерството за здравство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров: Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме, но го знаеме патот

Редакција

Двајца новозаболени и петмина оздравени од Ковид-19 во Делчево

Редакција

Во Дебар еден новозаразен со Ковид-19, активни 118 случаи

Редакција