еМагазин
Image default
Локално

Детали за пожарот кој избувна во автобус на ЈСП на линија 5

Автобусот на линија 5 во кој утринава избувна пожар нема повредени патници, причинета е само материјална штета, информираат од ЈСП.

„Настанот се случил во близина на Општина Ѓорче Петров, кога автобусот сообраќал на редовна линија во правец кон центар.Пожарот, чии причини се утврдуваат, е изгаснат во брзо време, благодарение на брзата интервенција на екипата на Противпожарната бригада.

Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе на терен и се утврдуваат причините на пожарот.

Возачот на автобусот изјавил дека за време на возењето забележал чад од горниот кат на возилото, застанал и со ПП апарати се обидел да го изгасне. Во меѓувреме забележал и искрење и повикал на помош екипа на Противпожарната бригада.

Пожарот бил изгаснат во најбрз можен рок. Во моментов, на терен врши увид и екипа на МВР“, се вели во соопштението на ЈСП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Снаа нападнала седумдесет и тригодишна свекрва

Редакција

Рудар од „Саса“ се здобил со лесна телесна повреда

Редакција

Санкционирани 301 возачи во Скопје – 69 за брзо возење, а 14 поминале на црвено

Редакција