еМагазин
Image default
Техно

Дигитализацијата на вашиот бизнис е вистинско „оружје“ во борбата против конкуренцијата

Развојот на технологијата ги смени нашето секојдневие и начинот на живот, но и начинот на водење бизнис. Се менуваат деловните процеси, структурата и на човечките ресурси, конкурентноста на една компанија, воопшто нејзиниот развој.

Веќе не се поставува прашањето дали треба да ги инкорпорираме новите дигитални услуги, туку колку брзо и какви сѐ напредни инфрастуктурни решенија и услуги ќе користиме.

Само така ќе го подобриме севкупното работење, работните процеси и операции, ќе ги намалиме трошоците и ќе ги зголемиме перформансите, а со тоа нашиот бизнис ќе биде поконкурентен на пазарот, а услугите подостапни и полесно прифатливи за корисниците.

„Технологијата овозможи луѓето да добиваат информации и да комуницираат многу побрзо од порано. Напредната технологија отвори можности кои засекогаш го променија начинот на кој се води бизнис. Технологијата отвори неограничени перспективи, независно од тоа од каде потекнувате, каков е вашиот професионален бекграунд или искуство.

Технологијата може да биде  добра или лоша зависно од корисникот, зависно од тоа дали и како ќе ги искористите нејзините потенцијали”, изјави Тим Кук, извршен директор на Apple, во интервју за документарниот сериски филм Аксиос.

Технологијата го промени начинот на водење бизнис и во нашата земја. Таков е и примерот со компаниите Тинекс, Тиквеш и Еуролинк осигурување, кои користат напредни инфрастуктурни  услуги и решенија од Македонски Телеком, кои скапата и неефикасна ИТ инфраструктура ја заменија со иновативни дигитални решенија, обезбедувајќи непречена работа на својот бизнис, намалување на трошоците и поголема ефикасност.

Некои од услугите кои ги користат се:  виртуелен диск за безбедно чување на податоците, што им овозможува целосна приватност и достапност од каде било и во кое било време, дата хостинг центар, виртуелен приватен сервер…и многу повеќе…

Технологијата има огромно влијание на бизнисите. Какво ќе биде, зависи од тоа колку брзо ќе ги прифатите промените. Едно е сигурно, комуникациската технологија оди и ќе оди напред.

На претприемачите останува да решат дали сакаат и понатаму нивните компании да останат во игра на постојано растечкиот пазар.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Самсунг започна со масовн производство на првиот индустриски mobile-DRAM за премиум смартфони

Редакција

Samsung Galaxy A41 и A21s – врвна иновација по одлична цена

Редакција

(Видео) Кинеското вселенско летало „Чанг 5“ успешно слета на Месечината

Редакција