еМагазин
Локално

Дилер од Тетово бегал од полицајци

На 19.09.2018 година околу 18.30 часот на улица „Видое Смилевски-Бато“, полициски службеници го забележале Ф.С.(29) од Тетово, кој управувал мотоцикл. Кога се доближиле до него тој почнал да бега и фрлил пиштол „Бровинг“ калибар 7,65 милиметри со рамка со четири куршуми, што ги поседувал без дозвола, информира МВР.

Набргу, потоа тој бил фатен и лишен од слобода. При преглед на мотоциклот, под седиштето бил пронајден и нож. Нешто подоцна, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом при што биле пронајдени две дигитални ваги, хероин и хашиш. Пронајдените предмети биле одземени и предадени на вештачење. Ф.С. бил задржан во Полициската станица Тетово, а по целосно докуменитрање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасовски за „играта со ножеви“ во Марино: Извршителите ќе одговараат

Редакција

Двајца го тепале на „Широк сокак“

Редакција

62-годишник од Битола го убил неговиот поранешен зет кој насилно влегол во куќата и се заканувал на ќерка му

Редакција