еМагазин
Image default
Македонија

Димитров: Паралелата меѓу Шарената револуција и „Бојкотирам“ е паралела меѓу одговорност и неодговорност

Правењето паралели меѓу Шарената револуција и  движењето „Бојкотирам“ е исто како да се става равенство меѓу храброста и стравот, меѓу активниот граѓанин кој се осмелил да прогледа во темница и пасивниот поданик кој се плаши да отвори очи во светлина, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи Никола Димитров.

– Шарената револуција е жед за одговорност, одговорност во ситуација на јавно разоткриен криминал. Кога потфрлија институциите, граѓаните преземаа одговорност, барајќи правда. Бојкотирам е повик за неодговорност, за бегање од одговорност, за немање глас за сопствената и иднината на Македонија, исправена пред историска раскрсница, наведува Димитров во врска со обидите за поистоветување на Шарената револуција и „Бојкотирам“ кое повикува на бојкот на претстојниот референдум.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење за „Рекет“: Радуловиќ и Туцаковиќ му дале пари на Боки 13 за телевизијата и за лекови од Италија

Редакција

Граѓаните имаат најголема доверба во армијата, најмала во обвинителството и судството

Редакција

Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали да се бараат ПЦР тестови и за лицата кои транзитираат низ Македонија

Редакција