И покрај набиената референдумска кампања, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, синоќа присуствуваше и на отварањето на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.
На својот Фејсбук профил објави фотографија со легендарната италијанска актерка Клаудија Кардинале, која дојде во Македонија да ја прими специјалната „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност.
Фото: Фејсбук/Димитров
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.