еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пановски: Несаканите ефекти од вакцините во однос на постковид последиците, се минимални и неспоредливи

Несаканите ефекти од вакцините во однос на постковид последиците, се минимални и неспоредливи, вели доктор Никола Пановски, во одговор на прашања на неговиот Фејсбук профил.

„Можам да ви одговорам од личен впечаток како што вие постапивте или според научните сознанија. Личниот впечаток може да излаже, но еве сепак каков е мојот.

Точно е дека голем број што не се заразиле пред да се вакцинираат се заразија по вакцинација, односно вакцината барем кај нас не штити од заразување, затоа сертификатите како мерка против ширење на вирусот се нелогични и јас сум јавно против нив.

Сепак не значи дека вакцинираните почесто заболуваат од невакцинираните, напротив. Мене лично ми починаа тројца пријатели од ковид, десетина пријатели вакцинирани заболеа, но оздравеа.

Несаканите ефекти од вакцините во однос на постковид последиците, се минимални и неспоредливи.

Во групата Ковид 19, искуства и совети, последиците од прележан ковид се сериозни, долготрајни и многу чести, околу 20.000 „инвалиди“ се на мака во Македонија, некои ќе останат такви до крајот на животот.

Дека стомачниот вирус напаѓа вакцинирани, јас не сум приметил, од мојата поширока фамилија никој не добил таков вирус иако сме сите вакцинирани. Пред се го добија децата, кои се разбира не се вакцинирани од ковид“, стои во одговорот на Пановски на прашањата на негова следбеничка: „зошто многу мои пријатели и познаници не се заразија од ковид додека беа невакцинирани, туку се заразија сега кога се вакцинирани, зошто голем број од вакцинираните имаат проблем со притисок и главоболки ако претходно го немале тој проблем и зошто стомачниот вирус ги напаѓа вакцинираните лица по примена втора доза“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Пановски: „Не е фер да се каже дека само вакцинираните се заштитетни, потребно е уште 200.000 да се вакцинираат за да се намали смртноста“

Доктор Пановски: „Не ги малтретирајте прележаните, дајте им 12 месеци рок да се вакцинираат, дајте им сертификат“

Доктор Пановски: „Кој ќе биде одговорен за присилување на вакцинација само за добивање на сертификат, изгледа како злосторство“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четворица повредени во судар меѓу амбулантно и патничко возило во Скопје

Редакција

Група испраќала дојави за бомби, ќе добијат кривични пријави за тероризам

Редакција

Твитер за „пишман“ Владата и дочекот на Папата: „Администрација: А кој ден ни е работен?“

Редакција