еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Четворица повредени во судар меѓу амбулантно и патничко возило во Скопје

Четири лица се повредени во синоќешниот судар во Скопје меѓу патнички автомобил и взило на Итна медицинска помош.

Според информациите од МВР, сообраќајката се случила на крстосницата од бул.„Климент Охридски“ и ул.„Св.Кирил и Методиј“.

Се судриле патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ч.Д.(57) од Скопје и возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Итна медицинска помош управувано од В.С.(23) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ч.Д., а со телесни повреди возачот на возилото од Итна медицинска помош, сопатничката од истото возило А.К.(40) и лицето кое се превезувало како пациент Ж.Ц.(72), двајцата од Куманово.

Повредените се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во ГОБ „Св.Наум Охридски“, а на местото на настанот е извршен увид од екипа на МВР.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повторно е разгорен пожарот на Криволак, го гаснат два хеликоптера на Армијата и полицијата

Редакција

(Вознемирувачко видео): Што открија Асанж и Викиликс: Како американската војска уби новинари и цивили

Редакција

Утре и задутре средба на претставници на македонското и бугарското МНР, ќе разговараат за отворените прашања, најави Ковачевски

Редакција