еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Димитров утре на средба со Дачиќ, ќе се разговара и за отворањето на границите помеѓу двете држави

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на покана на својот колега, министерот Ивица Дачиќ, утре ќе ја посети Република Србија.

Како што соопшти МНР, ова претставува прва работна посета на шефот на дипломатијата во странство од почетокот на пандемијата, во знак на натамошно развивање на пријателски дијалог и соработката меѓу двете соседни земји.

Воедно, ќе бидат разменети мислења и искуства во врска со справувањето на двете земји со актуелната пандемија, како и нивните претстојни чекори за релаксирање на рестриктивните мерки во меѓусебниот режим на движење, во рамки на севкупните слични тенденции во регионот и Европа.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Епидемиолошката ситуација во Македонија е вонредно тешка, Словенија воведе карантин за сите кои доаѓаат од земјава

Поради зголемен број на случаи со Ковид-19, Црна Гора ги затвори границите за македонските граѓани

Кипар денеска ги отвора аеродромите за 19 земји, Македонија ја нема на листата

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До крајот на септември патарина во Македонија, Србија и Албанија ќе се плаќа со еден ТАГ

Редакција

(ВИДЕО) Неколку компании од Македонија со штанд на Меѓународниот саем во Солун

Редакција

Студија за нивото на соработка меѓу Македонија и Грција: Значително зајакнување на поврзаноста меѓу двете земји во голем број области

Редакција