еМагазин
Image default
Македонија

Директорката на ДЗСИ во самоизолација, контактирала со член на семејството позитивен на корона вирусот

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Ирина Сотирова Бухова објави дека од денеска е во четиринаесет дневна самоизолација, бидејќи контактирала со член од семејството позитивен на Ковид-19.

Во соопштение објавено на веб страницата а ДСЗИ, Бухова наведува дека првиот текст покажал оти е негативна, но дека останува дома по епидемилошка препорака.

„По препорака на епидемиолозите јас сум во самоизолација и ќе бидам 14 дена. Имав контакт со позитивно лице, член на потесното мое семејство. Чувствувам должност да ја известам јавноста. Се чувствувам добро, немам никакви симптоми. Првиот тест покажа дека сум негативна, но по епидемиолошката препорака, ќе останам дома.

Цел период на функционирање во корона-криза, апсолутно ги почитував сите протоколи, маска, дезинфекција, како и физичка дистанца“, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на ДСЗИ.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Eден од обвинетите позитивен на Kовид-19, одложено судењето за „Таргет-Тврдина“

Редакција

Убава вест: Оздравени 222 болни од Ковид-19

Редакција

Убава вест: Оздравени 856 заболени од Ковид-19

Редакција