еМагазин
Image default
Македонија

Eден од обвинетите позитивен на Kовид-19, одложено судењето за „Таргет-Тврдина“

Обвинетиот Васил Исаковски во случајот „Тврдина-Таргет” е позитивен на Ковид-19, поради што е одложено денешното рочиште за овој предмет за масовното незаконско прислушување.

Според здравствените протоколи обвинетиот Исаковски, до 21 ноември нема да може да присуствува на закажените рочишта, односно до овој датум во Кривичен суд Скопје, нема да се води постапката по овој предмет.

Судијката Џенета Бегтовиќ, која го води процесот, имајќи ги предвид новите околности и големиот број на оштетени кои треба да се произнесат за овој предмет, им предложи на обвинителите да дадат мислење за издвојување на постапката за против обвинетиот Исаковски.

Но, еден од застапниците на обвинението, обвинителот Трајче Пеливанов, даде негативно мислење, со образложени дека домашната самоизолација на обвинитиот Исаковски, ќе трае уште осум дена.

Воедно, на денешното рочиште во својство на оштетени беа повикани да сведочат околу 40 лица, меѓу кои новинари, лица од јавниот живот и поранешни вработени во МВР.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви.

Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставен не поведе постапка за изборот на Џафери за претседател на Собранието и на Груби за прв вицепремиер

Редакција

ДУИ разочарана што во случајот „Рекет“ има вмешаност и на јавен обвинител

Редакција

135 лица до 19 години во Македонија заразени со коронавирусот, просечната возраст 46

Редакција