еМагазин
Image default
Спорт

„Пандев ја испрати Северна Македонија првпат на Европско првенство“: Грчките медиуми за големиот успех

Синоќешниот успех на македонската фудбалска репрезентација и пласманот на Европското првенство не поминаа незабележани од грчките онлајн изданија на медиумите, како информативните, така и спортските, кои коментираат дека станува збор за „историска победа“ и „испишана историја“, јави дописничката на МИА од Атина.

„Историски пласман на Северна Македонија на Европско првенство“; „Пандев ја испрати Северна Македонија првпат на Европско првенство“; „Северна Македонија испиша историја: првпат се пласираше на европско“; се дел од насловите во медиумите во Грција по синоќешната победа над Грузија.

Коментаторот од спортскиот канал на „КосмотеТВ“, на крајот од натпреварот, ги потсети гледачите дека ова ќе биде прво учество на Северна Македонија на европско првенство.

– Голот на Пандев во 56 минута пишува историја за Северна Македонија, земјата што за првпат во нејзината историја обезбеди билет за европско првенство. Северна Македонија, следното лето ќе биде дел од ЕУРО 2021. Го гледате Ангеловски, гледате како слават играчите на теренот.

Важна победа, историска победа во Тбилиси. Грузијците ја изгубија нивната историска шанса, на домашен терен да обезбедат билет, рече коментаторот на крајот од натпреварот за спортскиот канал на „КосмотеТВ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Мапа) „Дистанца е најважна“: Само Македонија од регионов на ЕП во фудбал

(Видео) „Лудило“ на прес-конференцијата по мечот меѓу Македонија и Грузија

(Видео) Македонците на улица: Се слави пласманот на Европското фудбалско првенство

МИА/Фото: Заев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седум медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканското првенство во Црна Гора

Редакција

(ВИДЕО) Австрискиот фудбалер Арнаутовиќ по навредливите зборови кон Алиоски се извини и на македонски и на албански

Редакција

(Видео) Срамота за фудбалот во Тетово: Каменувани фудбалер и помошник судија и расизам на мечот помеѓу Шкендија и Шкупи

Редакција