еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Австрискиот фудбалер Арнаутовиќ по навредливите зборови кон Алиоски се извини и на македонски и на албански

Австрискиот напаѓач, Марко Арнаутовиќ, кој на вчерашниот натпревар против Македонија упати навредливи зборови кон македонскиот фудбалер Езѓан Алиоски, откако постигна гол, на неговиот профил на Инстаграм се извини за инцидентот и на македонски и на албански јазик и напиша дека не бил расист.

Не е познато што точно му дофрли на нашиот репрезентативец, а регионалните и домашните медиум пишуваа дека станува збор за навреда на етничка основа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФФМ од УЕФА побара најстрога казна за австрискиот фудбалер Арнаутовиќ поради навредата на Алиоски

Македонија изгуби од Австрија, следниот натпревар го играме со Украина

„Вчера имаше некои жешки зборови искажани во емоции на натпреварот, за кои би сакал да се извинам, посебно на моите пријатели од Северна Македонија и Албанија.

Би сакал да кажам една работа јасно: не сум расист! Имам пријатели во речиси секоја земја, и се залагам за различности. Секој кој ме знае е свесен за тоа. Извинете“, напиша Арнаутовиќ на Инстаграм.

Фото: Фејсбук/Арнаутовиќ/Видео: Sport Klub

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавен новиот протокол за рестораните: До 12 лица на споени маси, гостите на растојание од 1,5 метри

Редакција

НЈСК Холдинг ја доби првата лиценца за извоз на сув цвет од канабис на пазарот на ЕУ

Редакција

Османи во Токио се сретна со престолонаследникот Акишино и принцезата Акишино

Редакција