еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ со нов протест пред МНР побара да се соопшти за што се преговара со Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ попладнево ги продолжи протестите, според донесената одлука на Извршниот комитет на партијата во саботата во Битола, да протестираат денеска и утре од 17 до 19 часот.

За разлика од минатата недела кога беа блокирани крстосници во центарот на Скопје, раководството, членови и симпатизери на партијата протестираа пред Министерството за надворешни работи.

Протестот се одржа во пресрет на седницата на собраниската Комисија за надворешна политика, закажана за в среда во 15 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи ќе вложел напори во среда да биде во Скопје и да се обрати на собраниска Комисија за патоказот за договорот со Бугарија

Милошоски го повика Османи во среда да реферира за патоказот со Бугарија пред Комисијата за надворешна политика

Со неа претседава Антонио Милошоски, а шефот на дипломатијата Бујар Османи соопшти дека ќе одговори на барањето на опозицијата да присуствува и да реферира по единствената точка од дневниот ред – Разгледување на прашањето за почеток на пристапните преговори со ЕУ за време на португалското претседателство, а во контекст на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија.

Опозициската партија од МНР и Владата бара да биде објавено за што конкретно се преговара за добивањето датум за почеток на преговори со ЕУ, во посредство со португалското претседателство.

Нивниот став е дека не прифаќаат ниту дел од декларацијата донесена во Парламентот на Бугарија во октомври 2019 година да биде дел од преговорите кои деновиве се водат интензивно.

„Од седницата в среда бараме конкретни информации од министерот Османи, да го сослушаме и да видиме што има да ни каже нам, како претставници на народот во тој парламент, околу тоа за што и како преговараат.

Според Устав, Македонија е независна и суверена држава и секој што ќе се одлучи ова да го прекрши, односно ќе се обиде за дел од таа декларација на Бугарија, ќе значи дека го нарушува Уставот и за тоа еден ден секако ќе одговара,“ изјави на протестот пратеничката Дафина Стојановска.

Дали и по комисиската седница в среда ВМРО-ДПМНЕ ќе ги продолжи протестите, таа рече дека останува да одлучат откако седницата ќе се одржи и тогаш ќе го соопштат ставот.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 19 заразени со Ковид-19 во Куманово, 17 се од општина Липково

Редакција

Убава вест: Оздравени 502 пациенти од Ковид-19, најмногу во Скопје 306

Редакција

76,3% од починатите од Ковид-19 во Македонија имале претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест

Редакција