еМагазин
Image default
Македонија

Пристигна нова пратка од 12.870 дози вакцини „Фајзер“

Министерството за здравство информира дека денеска во Македонија пристигна нова пратка од вкупно 12.870 дози вакцини „Фајзер“.

„Станува збор за редовната пратка која ја добиваме секој понеделник од кои 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4.680 во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe).

Во текот на утрешниот ден се очекува да пристигнат 20.000 вакцини на „АстраЗенека“.

Оваа донација е многу значајна за нас. Голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Н.Е. Русос Кундурос.

Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре во Скопје пристигнуваат 20.000 дози вакцини “АстраЗенека“ од Грција

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Режисерката Бузалковска со писмо до Заев: Дава оставка од Советот за култура поради Годишната програма на Министерството

Редакција

Градоначалникот на Крива Паланка шамарал полицаец, МВР најави пријава

Редакција

Финансиска полиција: Жалиме што жителите се вознемирија, акцијата во Љуботен беше наменета против нелегалниот увоз на тутун

Редакција