еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кодовите МКД и МК се во согласност со Преспанскиот договор, вели министерот Маричиќ

Преспанскиот договор е јасен и недвосмислен, нашето уставно име е Република Северна Македонија, меѓутоа со договорот ние имаме недвосмислено правото на користење на кодовите МКД и МК. Ние целосно сме се обврзале и стоиме на доследно спроведување на договорот, вели министерот за правда Бојан Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што пишува во Преспанскиот договор за кратенката МКД и дали ФФМ треба да си го смени името?

Коментирајќи ја реакцијата на Грција за кодовите што се употребуваат на Европското фудбалско првенство, Маричиќ во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“ телевизија, потенцира дека позициите на Владата се во согласност со Преспанскиот договор.

-Недвосмислено е нашето право да ги користиме кодовите МКД и МК, инаку да не било така сигурно немало да дозволи УЕФА како организатор на Европското првенство да се користат, рече меѓу другото Маричиќ.

Тој додаде дека во овие моменти е потребна помалку политика, а повеќе спорт и дека Владата, државата и федерацијата нема да прават намерни провокации во политички контекст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФФМ не е државна институција и нема обврски од Преспанскиот договор, одговори МНР на реакцијата на Атина до УЕФА

Грција бара да не ја употребуваме кратенката МКД на Европското првенство и ФФМ да си го смени името

МИА/Фото: ФФМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заради заштеда на струја, Владата ја разгледува можноста за продолжување на летното сметање на времето

Редакција

Твитер „полуде“ по снимката со кокаинот: „Илија Громовник е мојот Стево Пендаровски“

Редакција

Следува период на стабилно и потопло време

Редакција