еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Османи во Токио се сретна со престолонаследникот Акишино и принцезата Акишино

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска, во рамки на работната посета на Јапонија, се сретна и со престолонаследникот Акишино и принцезата Акишино.

На средбата, министерот Османи изразил задоволство од односите меѓу двете земји, особено во делот на културната соработка, информираат од Министерството за надворешни работи.

Го поздравил делото на Кензо Танге како точка на обединување и симбол на пријателството меѓу двете земји, како и годинешното доделување на наградата „Златен венец” на јапонскиот поет, Шунтаро Таникава, во рамки на Струшките вечери на поезијата

Потоа, министерот Османил оствари средба со претседателот на Парламентарната група за соработка меѓу Македонија и Јапонија, Шинџи Иноуе и други членови на групата.

На средбата, како што соопшти МНР, станало збор за теми од билатералните односи меѓу двете земји, можностите за унапредување на соработката особено во делот на економијата и бизнисот, современите безбедносни предизвици и нивното влијание врз европскиот континент и Индо – Пацификот.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Нехар турс“ ги откажa планираните туристички тури во Италија

Редакција

„Еве лабаво со швалерката, од кога изиграв оро за „семејните вредности“: Твитер реакции за Парадата на гордоста и Маршот на гордоста

Редакција

Топ 5 највисоки плати во декември

Редакција