еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уставниот суд функционира на граница од кворум, им кажа Кацарска на Пендаровски, Ковачевски и Џафери

Уставниот суд е со четири судии помалку од предвиденото и оваа состојба трае повеќе од шест месеци. Со ваква ситуација Судот се соочува за првпат и со секој поминат ден граѓаните трпат штети, бидејќи нивни иницијатвии и предмети се одложуваат, а Судот не може да одлучува, изјави денеска претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, по денешниот работен состанок со претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Доколу до декември не се изберат судии, Кацарска рече, дека тогаш дефинитивно Уставниот суд е блокиран зошто со четворица судии нема да може да работи и одлучува.

Оваа состојба, нагласи Кацарска, не е проблем само за Уставниот суд, туку и на државата и очекувам поддршка и нивна заложба за побрзо надминување на ситуацијата.

–  Уставниот суд е независна институција и токму поради намерата да се заштити независноста и угледот на судот, неформални средби со политичари немаме и нема да има ниту во иднина. Затоа ќе ја информираме јавноста за секоја промена и сите апели и барања за поддршка, изјави Кацарска.

Уставниот суд, според Кацарска, функционира на граница од кворум и многу луѓе се засегнати од предметите кои заостануваат, како што е законите за социјална заштита, за јавно обвинителство, за даноци и одлуки за оспорување на ДУП-ови.

– Овој проблем е на штета на граѓаните. Состојбата е проблематична и во очите на меѓународната заедница. Апелирам Уставот да се почитува. Важни прашања, како што се Указот за прогласувањето на Преспанскиот договор и Законот за јазиците нема да бидат ставени на дневен ред на седница се додека не се изберат сите девет судии во Уставниот суд, изјави Кацарска.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повторно активен Твитер профилот на Филипче

Редакција

Боки 13 е најголемиот „рекетар“ во Македонија? Нема други?

Редакција

(Фото) Едниот чини околу 100 евра: Какви ножеви носел Бугарот кој беше приведен пред бугарскиот клуб во Охрид

Редакција