еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

„Не излегувајте од дома ако немате потреба“: Центарот за управување со кризи со важно предупредување до граѓаните на Тетово

Поради големиот пожар кој избувна претпладнево во фабриката на влезот во градот Тетово, квалитетот на воздухот е значително влошен, предупредуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Од Општина Тетово и СВР Тетово апелираат до граѓаните да не излегуваат без потреба од своите домови. Најпогодени се оние со белодробни васкулари и срцеви заболувања, кои денеска треба да останат дома и да ги следат известувањата за квалитетот на воздухот.

Оние граѓани кои имаат потреба да бидат надвор, задолжително да носат заштитни маски по можност H95. Во домовите да се чуваат затворени прозорците и вратите.

Во 12 часот на лице место пристигна и армијата со еден хаммер и со 13 војници, а на терен исто така се и 80 војници од касарната Тетово со опрема и машини за гаснење на пожарот.

На пожарот се интервенира и од воздух со хеликоптер на МВР, а од страна на ТАВ Maкедонија пуштена е цистерна со Пена.

Интервенираат и пожарникари од Тетово, Гостивар, Кичево и Скопје, како и екипи со ПП возила за хемиско гаснење од ТАВ Македонија и лица од ДЗС Тетово и ДЗС Гостивар,“ велат од ЦУК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воздухот во Тетово загаден од пожарот, учениците два дена нема да одат на училиште

(Видео) Во Тетово голем пожар во поранешната фабрика „Македонија табак“

Фото: Фејсбук/ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Учениците од денеска на распуст, од утре пријавување за упис во средните училишта

Редакција

Отворено писмо на Заев, Вучиќ и Рама до регионот: Ги покануваме соседите да се придружат на Отворен Балкан

Редакција

Кривична пријава за лихвар од Струмица

Редакција