еМагазин
Image default
Македонија

Директорката на тетовската гимназијата во полиција пријавила дека две лица ја повикале во Општината и побарале да даде оставка

Директорката на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во тетовската полиција пријавила дека две лица ја повикале во Општината и од неа барале да си поднесе оставка.

-Денеска во 10 часот и 45 минути, 45-годишната Т.Л. од Тетово во СВР Тетово пријавила дека на 18 март годинава околу 15 часот С.С.(44) и В.А.(33) од Тетово телефонски ја повикале да дојде во просториите на Општина Тетово и откако влегла во една од канцелариите тие и соопштиле, односно побарале од неа, без никакво објаснување, во писмена форма да даде отказ од директорската функција во тетовско средно училиште, најдоцна до 21 март 2022 година.

Според пријавеното, тие и рекле, исто така, дека се овластени од градоначалникот и дека во негово име бараат да поднесе отказ, се вели во информацијата на СВР Тетово.

Во пријавата директорката навела и дека минатата година била поставена на функцијата, а потоа немала известување за проблем во нејзиното работење.

-Пријавителката Т.Л., според пријавеното, напоменала дека од 9 март минатата година кога со решение била избрана на директорската функција немала добиено никакво известување за некаков пропуст или грешка во работењето, се вели во соопштението.

Од СВР Тетово велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со влегувањето на Алтернатива во Владата, новото парламентарно мнозинство ќе брои 64 пратеници

Редакција

Нови 89 случаи на Ковид-19 од 1.760 тестови, 21 се реинфекции

Редакција

Коалицијата „За подобра Македонија“ поднесе Предлог-одлука за формирање анкетна комисија за референдумот

Редакција