еМагазин
Image default
Свет

Директорот на ФБИ ја обвини Русија за мешање во САД

Директорот на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) Кристофер Реј изјави дека Русија продолжува да поттикнува раздор во САД, преку ширење лажни вести, пропаганда и тајни операции.

Реј оцени дека Русија се мешала во американските претседателски избори во 2016 година, велејќи дека тоа е заеднички став на „разузнавачката заедница“ на САД.

Претседателот Доналд Трамп, по неговиот самит со рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки, изјави дека „не гледа причина зошто Русија би се мешала во изборите“, но потоа ја корегираше изјавата, велејќи дека сакал да каже дека „не гледа причина зошто Русија не би се мешала“.

Директорот на ФБИ изјави дека Русија не е единствената земја која претставува закана за САД, и како најголема закана ја посочи Кина, која е на пат да има најголема економија во светот и масовно шпионира американски компании за да дојде до вредни деловни тајни.

ФБИ е во центарот на политичката контроверза во САД, откако Трамп обвини неколку високи офицери во службата дека поради политичка пристрасност ги саботирале истрагите против Хилари Клинтон, а отпочнувале истраги против неговата кампања, користејќи ги обвинувањата за негови врски со Русија како изговор да ги шпионираат соработниците на Трамп.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истрага за Бајден и неговото семејство

Редакција

СЗО бара од производителите да донираат 50% од своите вакцини во Ковакс

Редакција

(Видео) Во Кина се урна патнички авион со 133 патници

Редакција