Директорот на „Службен весник“, Мартин Костовски на својот Фејсбук-профил објави дека ќе биде во 14-дневна самоизолација поради контакт со директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.
– И покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас пред еден час направив тест за вирусот Ковид –19 поради контактот со другарката Сања Лукаревска која е позитивна на вирусот.
За среќа немам никаков симптом и се надевам дека нема да бидам позитивен. Следните 14 дена ќе бидам во самоизолација и обврските ќе ги вршам во домашни услови. Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни, напиша Костовски.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директорката на УЈП, Сања Лукаревска позитивна на корона вирусот
Министерот Манчевски оди во самоизолација, имал средба со Зекири
Во самоизолација и директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми откако контактирал со Зекири
Градоначалникот на Чаир во самоизолација по контакт со лице позитивно на корона вирусот