Веројатно еден од најпознатите традиционални деликатеси во Македонија е локумот. Идеален додаток со кафе, но и совршен десерт за оние кои постат, домашниот локум е незаменлив десерт во секој дом. Тоа е мало слатко задоволство од скроб и шеќер, со парченца ореви, ф’стаци или лешници и вкус на вода од роза, наросено со шеќер во прав.
Во денешни времиња ова турско задоволство – како што гласи и неговото второ име, на овие простори е малку подзаборавено поради сите возможни и невозможни десерти кои ги имаме во продавниците.
Но, ако ги прашате постарите, особено во руралните подрачја и помалите градови, тие ќе ви кажат дека нема повкусно слатко од тазе локум со кафе.
Во арапскиот свет, локумот се нарекува ал-халкум што во буквален превод значи “утеха на грлото”, така што со право можеме локумот да го наречеме вистински деликатес кој опстојува на овие простори со векови.
Точното потекло на овој десерт сè уште не е утврдено, но една од легендите вели дека пред доаѓањето на рафинираниот шеќер во доцниот 18 век, Османлиите правеле сирова верзија на локум со користење мед или мармалад, концентриран гроздов сируп и пченкарно брашно.
Хаџи Бекир, станал познат поради неговата генијална употреба на бел шеќер и пченкарен скроб и ја отворил својата прва продавница за кондиторски производи во 1777 година. Тој потоа бил повикан во Палатата Топкапи да стане пионер во развојот на она што денес претставува една од знаменитостите на Турција.
Семејниот бизнис, сега во својата петта генерација, сè уште работи под името на основачот, а варијации на локумот може да се најдат во сите региони на Турција.
Овој веќе редок деликатес не може секогаш да се најде на полиците во супер маркетите. Затоа визијата на компанијата Дониа во Прилеп повторно да ни го доближи вкусот на локумот е навистина за пофалба.
Дониа денес е дел од реномираната компанија Макпрогрес и претставува национален бренд со доверба и асоцијација за традиционални и квалитетни производи кои се 100% природни.
Дониа, локумите, желето и алвата се дистрибуираат на национално ниво но и на пазарите во странство, како македонски производи, подготвени по традиционален рецепт.