Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 07.08.2026 година во 12:12 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје било пријавено дека на улицата „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (47) од Скопје со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски таблички, управуван од Н.М. (19) од скопското село Побожје.
-Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот Н.М.. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Додека, со телесни повреди се здобил возачот С.Б., констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“.
За време на вршење на увидот и по преземени мерки и обезбеден видео запис дојдено е до сознание дека во предизвикување на несреќата, но без физички контакт, учествува и патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото без да им укаже помош на повредените.
По дополнително преземени мерки, околу 19:40 часот во селото Арачиново, скопско, пронајдено е возилото и возачот С.О. (46) од Арачиново.
Тој е лишен од слобода, спроведен е во полициска станица и со него е извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Момче загина откако со мотоцикл се судри со автомобил
19 години имало момчето кое загина откако со мотоцикл удри во автомобил














