Денеска, во продажно-сервисниот салон на Хонда беа доделени наградите од четврто редовно и второ мастер коло од наградната игра на Макпетрол АД, „Верна повторно наградува“.
На настанот свое учество земаа претставници на компанијата, како и најсреќните добитници.
Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД во своето обраќање изјави дека и во оваа сезона на летни и годишни одмори со полна пареа Макпетрол АД продолжува со реализација на зацртаните активности на сите полиња. Меѓу нив секако е и извлекувањето на среќните добитници кои, компанијата ги наградува за нивната поддршка и лојалност.
„Преку ВЕРНА програма за лојалност, уште повеќе се доближуваме до нашите корисници кои повеќе од 70 години го препознаваат нашиот квалитет и недвојбено ни помогнаа да израснеме во компанија – лидер во својата област на македонскиот пазар.
Веќе трета година како компанија која се грижи за своите корисници организираме наградна игра со вредни награди. Оваа година со помош на програмата за лојалност ВЕРНА и наградната игра „Верна повторно наградува“ досега израдувавме многу наши верни корисници. Доделуваме 80 ваучери за Кристал Кар, 80 ваучери за Лубекс моторното масло, 80 пати по 1.000 Верна поени, 80 ваучери за гуми, 8 викенди за двајца во хотелите на Макпетрол во Струга и Маврово, 8 Dell лап-топи, 2 скутери Honda, чамец со мотор Honda и приколка, автомобил Honda Jazz и автомобил Honda Civic.“ – изјави Тасевски.
Тој додаде дека во извлекувањето на четвртото редовно коло учествуваа скоро 250.000 квалификувани трансакции, додека во извлекувањето на второто мастер коло учествуваа речиси 370.000 квалификувани трансакции и од нив беа извлечени двајцата среќни добитници на овие вредни награди.
Членството на ВЕРНА програмата за лојалност на Макпетрол, веќе се доближи до бројката од 145.000 корисници кои на продажните места на Макпетрол досега оствариja 8.250.000 бодовни трансакции.
„Овие бројки особено нè радуваат бидејќи се доказ за квалитетот на нашите производи и услуги и секако довербата на корисниците кон нашата компанија. Тоа за нас претставува признание за нашата напорна работа и континуирано ангажирање со цел достигнување што поголемо ниво на задоволство кај потрошувачите.“- дополни Тасевски
Макпетрол континуирано е посветена кон грижата за потрошувачите преку бескомпромисно одржување на високото ниво на стандардите за квалитет, како на нивните горива, така и на нивните услуги и останати производи.
„Постојано се стремиме да бидеме во чекор со технолошкиот развој и светските трендови, па затоа, меѓу другото, ја создадовме Верна GO мобилната апликација која има за цел да го олесни планирањето на вашето патување и истовремено да ве информира за тековните акции и поволности.
Оваа првична верзија на мобилната апликација во иднина ќе биде проширена и подобрена ВЕРНА картичка преку која членовите на Верна програмата не само што ќе можат да бидат во чекор со планираните патувања, туку дополнително ќе имаат увид и во сопственото ВЕРНА конто.“ – изјави Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба.
Тој додаде дека програмата за лојалност ВЕРНА, веќе трета година се покажува како успешна платформа преку која Макпетрол грижи за потрошувачите.
„Впрочем, ВЕРНА програмата е само уште еден доказ за нашата насоченост кон потребите на нашите потрошувачи, додека бројноста на корисниците говори сама по себе за довербата која тие ни ја доделиле. Преку оваа програма ја изразуваме благодарноста кон нашите потрошувачи и воедно ги наградуваме за нивната лојалност преку собирање на вредносни поени, како и преку палета на промоции и поволности на нашите продажни места.“ – додаде Георгиевски
Во рамките на четвртото редовно, односно второ мастер коло, покрај другите награди, претставниците на Макпетрол АД доделија лап-топ Dell, кој го доби Драган Митев, преку трансакцијата со број 198175 и преубавиот чамец, марка Ocean Master 390, комплет со управувачки механизам, вонбродски мотор Honda од 40KS и приколка, кој го доби Виолета Софрониевска преку трансакцијата со број 309488.
Од компанијата ги повикаа сите оние кои не биле добитници во изминатите кола, да продолжат да точат гориво на бензинските станици на Макпетрол, затоа што нивните трансакции на крајот на наградната игра ќе учествуваат во новогодишното финално коло и ќе бидат потенцијални добитници на, единствена во својата класа, новата Honda Civic.