еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Договорот со „Бехтел и Енка“ нема да им биде даден на пратениците, туку само ќе им се презентира

Писмото од премиерот Димитар Ковачевски со кое се согласува да им биде презентиран Договорот за изградба на коридорите 8 и 10д на пратениците со безбедносен сертификат е во Собранието и координаторите на пратеничките групи веќе се известени. На која Комисија и колкумина пратеници со безбедносен сертификат ќе присуствуваат на презентацијата на Договорот се уште не се знае.

Ова го изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите, додавајќи дека презентацијата е се уште предмет на координација за определување термин и за тоа кое законодавно тело ќе ја води.

– На 2 мај имаме координација. Вчера ги известив координаторите да размислат за време. Може и деновиве да биде. Не се знае, рече претседателот на Собранието.

Џафери вели дека не го добил Договорот и не го знае, потенцирајќи и оти не е негова работа да го знае.

Претседателот на Собранието рече дека не знае колку пратеници имаат безбедносен сертификат, потенцирајќи дека нема да им биде доставен Договорот, туку само презентиран, бидејќи станува збор за класифициран документ.

Џафери информира и дека Предлогот за измени на Законот за работни односи, по скратена постапка, не е повлечен, туку дека се уште чека да почнат со работа и другите комисии чии претседатели се од ВМРО-ДПМНЕ, а кои треба да ги разгледаат шесте закони поврзани со Договорот со „Бехтел и Енка“ за коридорите 8 и 10д.

Тој не откри како ќе постапи доколку седниците наскоро не бидат свикани и само упати на Деловникот за работа на Собранието.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Промена на химната нема, направена е ненамерна грешка

Редакција

Семејството на Кико донираше 500 илјади денари за респиратор за малиот Стефан

Редакција

Поднесени предлог-измени на Изборниот законик за една изборна единица на парлaмeнтарните и отворени листи на локалните избори

Редакција